Малолетник од Скопје прободен со нож

Малолетник прободен со нож синоќа бил донесен во болница.

„На 07.07.2020 во 22.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен повреден 16 - годишник од Скопје, кој, според пријавеното, околу 22.10 часот на фонтана во парк во населба Чаир, по претходна расправија со две лица, од едното од нив бил прободен со нож“ соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.