
Неколку млади лица од Радовиш, меѓу кои и малолетник, биле фатени од полицијата како користат марихуана.
- На 13.03.2026 во 20:50 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода М.М.(19), М.Ш.(21) и С.Ј.(21) сите од Радовиш, а во Полициската станица Радовиш е повикан и 17 годишен малолетник од Радовиш, во присуство на негов родител. Четирите лица биле затекнати во момент кога користеле марихуана, а при преглед на М.М., М.Ш. и малолетникот биле пронајдени и пакувања со марихуана, информираа од МВР во дневниот билтен.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.