
Малолетник од Неготино во два наврати бил затекнат од полицијата со дрога кај себе.
Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Велес поднело известување против малолетник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 02.02.2026 во Неготино, полициски службеници во два наврати затекнале како малолетникот на улица фрла марихуана, амфетамин и дигитална вага, а на 27.03.2026 на влез пред основно училиште, полициски службеници извршиле преглед над малолетникот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и амфетамин.