Малолетник од Гостивар украл возило од друг град, полицијата го уапсила

Лишен од слобода крадец од Гостивар. Одземеното возило е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.

Како што информираат од МВР, вчера (23.09.2025) во 19:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар во присуство на родителот Џ.Х. од Гостивар, лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар.

Малолетникот се сомничи дека одзел патничко моторно возило ,,форд фокус“ со кичевски регистерски таблици пријавено од Ф.К. од Кичево. Возилото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.

По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информираат од МВР.