Малолетник од Гостивар приведен откако му биле најдени марихуана и нож

Седумнаесетгодишно момче од Гостивар вчера е лишено од слобода откако кај него биле најдени марихуана и нож. Полициските службеници претресот го правеле над него и во неговиот дом по претходно издадена судска наредба.

„Вчера во 21.30 часот на ул. Гоце Делчев во Гостивар, полициски службеници од Полициска станица Гостивар лишиле од слобода 17 годишен малолетник од Гостивар, бидејќи по извршен претрес над него и во неговиот дом по претходно издадена судска наредба биле пронајдени марихуана и нож", се вели во соопштението на МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.