Малолетник ноќеска претепан во обложувалница во Скопје - завршил во болница поради повредите

Утринава (07.02.2026) во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувалница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.