Малолетник натепан на автобуска постојка во Карпош од неколку врсници

Вчера на автобуска постојка во скопски Карпош, неколку малолетници физички нападнале врсник, а настанот бил пријавен од таткото на нападнатото момче.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М.(52) од Скопје пријавил дека околу 13:15 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.