Малолетник бил физички нападнат во парк во селото Бардовци.
Случајот го пријавил таткото на детето.
„На 02.09.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, М.Н.(36) од Скопје пријавил дека на 30.08.2024 околу 20.00 часот во парк во село Бардовци, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Д.А. од с.Бардовци“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.