Малолетник нападнат во автобус на ЈСП

Синоќа во 19.00 часот во СВР Скопје, А.Ш.(41) од село Љубанци, скопско, пријавил дека околу 13.10 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници.

При што едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.