Малолетник нападнат и избоден со нож

Малолетник на 16 години бил физички нападнат и избоден со нож од група млади лица вчера во Тетово. Настанот се случил  околу 21 часот на улицата „Јане Сандански“.

-Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на улица „Јане Сандански” во Тетово, во која, првично, учествувале повеќе лица, а  едно малолетно лице било   повредено со остар предмет. Служби на СВР Тетово се на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Малолетникот бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.