Малолетник на улица во Битола добил закани со остар предмет

Малолетник од Битола добил закани од едно лице со остар предмет среде улица. 

- На 20.05.2026 во 12:50 часот во СВР Битола, М.М. (36) од Битола пријавила дека на ул.„Дебарска“ во Битола, И.Б. со остар предмет упатил закани на нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираа од полицијата за овој случај. 

Оттаму додаваат дека се превземаат мерки за расчистување на истиот.