Малолетник излетал со возило на патот Ржаничино-Таор - повреден е тој и четворицата сопатници

Ноќеска во 01:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Ржаничино - село Таор, скопско, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од село Орешани,скопско, излетало надвор од коловозот.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со повреди се здобиле возачот, двајца сопатници и една сопатничка на возраст од 17-години и сопатникот Б.Г. (21), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.