Малолетник избегал од Јавна установа за згрижување деца во Скопје

Вчера во полициска станица било пријавено дека малолетник избегал од Јавна установа за згрижување на деца.

- На 19.03.2023 во 08.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Ѓ.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад, информира МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.