Малолетник и уште пет лица уапсени измината ноќ - Биле фатени со дрога

Пет лица, меѓу кои и малолетник, се уапсени за поседување дрога измината ноќ. 

- На 20/21.09.2026  во Скопје, на различни локации,  полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.А.(39), С.М.(27), С.Џ.(45) и 17-годишник, сите од Скопје, како и Л.К.И.(20) од Германија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, известуваат од МВР. 

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.