Малолетник го предизвикал пожарот кај касарната Илинден

МВР  информираше дека малолетник го предизвикал пожарот кој избувна кај касарната Илинден.

Завчера околу 17:10 часот по претходна пријава за пожар на отворен простор на булeварот „Никола Карев“, под Касарната Илинден, во непосредна близина на реката Вардар, полициски службеници од СВР Скопје излегле на терен, каде затекнале две лица, едното на возраст од 25 години и едно дете на возраст од 10 години.

Пожарот зафатил тревна површина од 200 метри квадратни и истиот е локализиран од страна на екипата од БППЗ. Затекнатите лица се повикани во полициска станица каде со истите е извршен службен разговор во кој појасниле дека малолетникот заедно со уште две непознати малолетни лица на местото собирале отпад и со намера од жици да извадат бакар го запалиле отпадот, по што настанал пожарот. Од друга страна пак, 25-годишното лице (вујко на малолетникот) не е инволвиран во настанот, туку дошол на местото барајќи го внукот, го забележал пожарот и почнал да го гаси.

По извршените разговори лицата се ослободени, за настанот е известен дежурен jавен обвинител за малолетници, а од страна на Секторот за внатрешни работи ќе биде поднесен соодветен поднесок.