Малолетник фрлил пиротехника - МВР за пожарот кој вчера ги вознемири жителите на Капиштец

Се огласија од полицијата за пожарот кој вчера ги вознемири жителите на Капиштец каде при пукање петарди од страна на малолетник било запалено дрво, а постоела опасност огнот да се прошири кон околните објекти. Интервенирала и Пожарната. 

- На 24.09.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во паркот во Капиштец во Скопје, малолетно лице фрлило пиротехничко средство, по што настанал пожар, соопштија од МВР за случајот. 

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.