Малолетник фатен како пали кабаст отпад на Вардариште

Малолетник е фатен на дело како ја пали депонијата Вардариште, соопшти Инспекторатот на Град Скопје.

– Комуналните редари на град Скопје на локација Вардариште затекнаа малолетно лице кое врши спалување на кабаст отпад. Повикани се службеници од МВР кои веднаш постапија согласно нивните надлежности. Продолжуваат засилените контроли од страна на Инспекторатот на град Скопје, известија вчера од Инспекторатот.

Ова следи откако во петокот дел од жителите на Гази Баба, Лисиче и Аеродром алармираа на неподносливата смрдеа на чад, за кои претпоставија дека доаѓаат од Вардариште.