Малолетници возеле без дозвола, пијани возачи зад волан - МВР во акција

Во изминатото деноноќие, на територија на целата држава, полицијата лишила од слобода 12 возачи поради безобѕирно управување со возило.

Дури 10 од нив управувале без возачка дозвола – случаи се евидентирани во Скопје, Штип, Кичево, Велес и Тетово, при што меѓу нив има и малолетници.

Двајца возачи биле под дејство на алкохол – едниот во Велес, кој предизвикал и сообраќајна незгода, и еден во Битола.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да не управуваат возило без дозвола или под дејство на алкохол, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот