Малолетници во автобус на ЈСП фатени со електрошок и боксирач

Вчера во 13.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје, по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир во автобус на ЈСП бр.57 на ул.„Александар Урдаревски“, кај двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје пронашле електрошок и боксирач. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.