Малолетници тешко повредени во сообраќајка со мопед

На 01.08.2021 во 01.05 часот од ЈЗУ Гевгелија било пријавено дека кај нив биле  донесени лица повредени во сообраќајна незгода.

Од полициски службеници било  излезено на местото и било констатирано дека околу 00.45 часот на ул. „Моински пат“, на место викано „Динќут“, мопед „РКС-снајпер 50“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Моин, паднал на коловозот.

Во незгодата возачот и малолетната сопатничка се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во ЈЗУ Гевгелија. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.