Малолетници со мопеди секојдневно се жртви на сообраќајки

Според надлежните во скопската сообраќајна полиција, мопедите, односно малите градски мотоцикли што личат на популарната "веспа", чии мотор има работна зафатнина од 49 кубни сантиметри можат да се возат со положен ПСП (Познавање на сообраќајни прописи).

Според важечкиот закон, оваа дозвола може да се добие со наполенти 16 години. За остантите мотоцикли со поголема кубикажа е неопходно да се положи А категоријата од возачкиот испит.

Според секојдневниот полициски билтен на сообраќајните несреќи се следи тенденција која вели дека несреќите чии учесници се мотоцикли или велосипеди со мотор (мопеди) од ден на ден се зголемувба нивниот број. Од скопската полиција, велат дека несреќите со трагични последици најчесто се случуваат поради неприлагодената брзина на движење на мопедите, непрописното менување на сообраќајните ленти на коловозите и необрнувањето на внимание на возачите кои управуват мотоцикли. Меѓутоа, бројот на загинати лица кои се превезувале или управувале скутери е мал. Затоа, пак, за 50 отсто се зголемил бројот на тешко и полесно повредени. Овие возила се набавуваат и секојдневно се повеќе се користат поради големиот метеж на улиците, но и поради нивната ниска цена на набавка. Македонскиот стандард дозволува овие возила да бидат лесно купени.

Мопедите имаат моторна блокада која не дозволува брзина над 50 километри на час. Меѓутоа, сопствениците на скутерите ја отстрануваат блокажата и тогаш мопедот може да достигне брзина и до 90 километри на час.

За зголемување на безбедноста во сообраќајот, МВР најавува зголемено присуството на сообраќајната полиција на сите патни правци. Бидејќи непочитувањето на сообраќајните прописи е најголема причина за несреќите, во МВР се предвидени низа проекти и медиумски кампањи за безбеден сообраќај. Во полицијата велат дека новите измени на Законот за сообраќајот позитивно влијаеле врз граѓаните. Тие во голема мера ги почитуваат забраните за возење без заштитен појас и зборување со мобилни телефони при управување на возилата.

Поради поголема безбедност на пешаците и на велосипедите во сообраќајот, почната е акција во која се предвидени санкции за родителите што ќе дозволат на дете што не наполнило десет години да управува велосипед во сообраќајот. Поради зголемениот обем на сообраќај со мотоцикли и скутери во овој период од годината, лекарите алармираат дека е потребно обучен медицински персонал деноноќно да се движи по патиштата со подвижна амбуланта или да има пунктови што ќе даваат прва помош. За да се намали бројот на жртвите во сообраќајните незгоди, повредените треба да бидат згрижени за најмногу два часа, сметаат медицинските експерти.