Малолетници се тепале во училишен двор, а снимката од тепачката се нашла на социјалните мрежи

На 22.02.2023 во СВР Битола, во присуство на родители и претставници од Центарот за социјални работи Битола, бил извршен службен разговор со двајца 15-годишници од Битола.

- Тие, на 22.03.2023 во двор на средно училиште во Битола го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а настанот бил сниман и споделен на социјалните мрежи, информира МВР.

За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.