
Млад скопјанец бил мета на насилни крадци додека се возел со автобус.
- На 26.02.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, Л.М.П.(19) од Скопје пријави дека околу 17:10 часот на подрачјето на Центар, додека се превезувал во автобус, две машки и едно женско лице најверојатно малолетници, со употреба на сила се обиделе да му ја одземат чантата, информираа од МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.