Малолетници повредени во судир на мопед и автомобил

Малолетник од Битола бил тешко повреден, а неговиот другар полесно кога со мопедот на кој се возеле се судриле со автомобил, вчера во Битола.

Според полицијатасообраќајката се случила околу 13.50 часот на улицата Васко Карангелевски во Битола.

Автомобил „голф“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Ц.С(61) од Битола  се судрил со мопед „априлија“со битолски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(16) од Битола.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил пренесен во Клиничка болница во Битола, а неговиот сопатникот О.С.(16 ) бил полесно повреден.

Увид извршила екипа од СВР Битола.