Малолетници нападнати со нож во Чаир

Две малолетници лица со убодни рани од нож биле примени во поранешната градска болница во Скопје, информираат од МВР. Настанот се случил пред маркет, на 28 јули, вечерта по 21 часот.

Според полицијата, околу 21.25 часот во полиција од хируршката болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет биле донесени две лица на возраст од 17 години.

Во разговор со полициските службеници тие изјавиле дека пред маркет на подрачјето на Чаир биле нападнати од три лица кои користеле остар предмет.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.