Малолетници нападнати од соученици во Аеродром и Ласкарци

Во Полициското одделение во Општина Сарај вчера во 11:15 часот 42-годишната А.Љ. од село Ласкарци, Скопско, пријавила дека на 13 февруари околу 13.30 часот во кругот на основно училиште во село Ласкарци нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од соученици.

Ова е еден од трите случаи со насилство меѓу малолетници во вчерашниот билтен на полицијата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Г.(47) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 16.50 часот во двор на основно училиште на улица “Горно Лисиче“ неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици.

Полицијата во билтенот евидентира уште еден напад на малолетник во близина на стадионот „Ѓорче Петров“ од неколку непознати лица кои му одзеле мобилен телефон и велосипед.  Случајот го пријавила С.П вчера во СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.