Малолетничка уапсена за дрога во Скопје

Три лица, од кои една малолетничка, се уапсени во одделни акции на полицијата во Скопје. 

-На 28.04.2023 во 23.00 часот на подрачјето на Центар, од полициски службеници била лишена од слобода малолетничка од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

-На 28.04.2023 во 15.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.И.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 28.04.2023 во 21.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Ј.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следи соодветен поднесок против сторителите.