Малолетничка тепана во Скопје од 4 врснички кои ги познавала

Пред два дена во МВР било пријавено дека малолетна девојка била нападната од четири свои врснички во угостителски објект на територија на општина Аеродром.

„На 09.12.2024 во 15.50 часот во СВР Скопје, А.Ѓ.(51) од Скопје пријавил дека околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, неговата 16-годишна ќерка била физички нападната од друга малолетничка која ја познавала и која била заедно со уште три малолетнички. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во билтенот на МВР.