Малолетничка прегазена во Ченто

На крстосницата од улиците „Маџари“ и .„Финска“ во Скопје, вчера автомобил „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (41) од с.Сингелиќ, удрило во пешак 15-годишно девојче од Скопје.

-По ударот, девојчето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.