Малолетничка од Скопје забременила од лице што ја силувало

Седумнаесет годишна девојка од Скопје останала во блажена состојба откако непознато лице ја силувало.

Обљубата врз девојката се случила пред неколку месеци а овој случај во полиција го пријавил таткото на девојката за која дознал пред неколку недели од разговорот со сопругата и ќерката.

Силувачот девојката ја пресретнал на Железничката станица, по што тој ја внел во возило и ја силувал.

Јавноста по ова сознание на социјалните мрежи реагира со згрозување. 

Се повикуваат надлежните органи да преземат поголеми мерки низ главниот град каде се почести станаа нападите врз малолетни девојки.

Како што демнат силувачите, така нив да ги демне полицијата а не да спие ...