Малолетничка од Скопје со остар предмет ја нападнала својата мајка

Вчера (28.11.2022), во Полициската станица Аеродром било пријавено дека малолетничка од Скопје, со остар предмет ја нападнала својата мајка. 

Деталите за случајот ги соопшти Министерството за внатрешни работи.

-На 28.11.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека околу 18.30 часот во дом на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, малолетничка со остар предмет ја нападнала својата 38-годишна мајка и ѝ нанела повреди. Полициски службеници и претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, во координација со Јавен обвинител за малолетници, излегле на местото и, по преземени мерки, малолетничката и нејзината мајка биле сместени во здравствени установи за понатамошно лекување - се наведува во соопштението на МВР.