Денеска во 01.25 часот во СВР Скопје, 41-годишната жена пријавила дека нејзината ќерка била нападната од нејзни врсници. Настанот се случил на 05.02.2025 околу 21.00 часот во парк на подрачје на Ѓорче Петров.
„Девојчето било нападнато од две малолетнички и еден малолетник, кои притоа ѝ одзеле чантата со пари, мобилен телефон и други лични работи, додека пак друг малолетник снимал со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, информираат од МВР.