Малолетничка истепана од три свои врснички во Аеродром

Три малолетнички нападнале своја врсничка од Аеродром, мајката случајот го пријавила во полиција.

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје, А.П. од Скопје пријавила дека ден претходно на 11.12.2024 околу 14.40 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од три малолетнички.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.