Малолетничка и уште три лица вчера настрадале од бездомни кучиња во Скопје

И вчера до полицијата стигнале пријави за каснувања од улични кучиња низ Скопје. 

- На 06.01.2025 во 10 часот во Полициското одделение Сарај, А.А.(53) од с.Сарај, скопско пријавил дека на ул.„20“ во с.Сарај, скопско, бил каснат од куче скитник.

- На 06.01.2025 во 10.30 часот во Полициската станица Центар, И.Р.(60) од Скопје, пријавил дека на ул.„Кеј 13 Ноември“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

- На 06.01.2025 во 14.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, А.Р.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, бил каснат од куче скитник.

- На 06.01.2025 во 17.20 часот во Полициската станица Центар, Н.П.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје бил каснат од куче скитник.