Малолетничка и уште неколку лица повредени во сообраќајка кај скопскиот аеродром

Рано изутринава се случила сообраќајка на автопатот „Пријателство“ во која настрадаа неколку лица. 

На 20.09.2022 во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека нa автопатот „Пријателство“, пред исклучок за Меѓународен аеродром-Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(62) од Прилеп и патничко возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Скопје соопшти полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „фиат браво“, А.Д.(61), В.Б.(39) и уште една малолетничка, сите од Скопје, констатирани во Комлексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.