Малолетничка и уште едно лице вчера каснати од улични кучиња

Вчера на подрачјето на главниот град регистрирани се две каснувања од улични кучиња. 

-На 25.05.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Центар, М.Б.П.(46) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник, стои во полицискиот билтен. 
-На 25.05.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.С.(21) од Скопје пријавил дека на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник, се наведува во билтенот од МВР.