
Две лица вчера во полиција пријавиле каснувања од бездомни кучиња.
- На 26.11.2024 во 08.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Е.К.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Че Гевара“ во Скопје, неговата малолетна штитеничка била касната од куче скитник.
- На 26.11.2024 во 20.40 часот во ОВР Прилеп, С.Р.(48) од село Големо Коњари, прилепско, пријавил дека на ул.„Кеј 1 Мај“ бил каснат од куче скитник.