Малолетничка и уште две лица од Скопје уапсени, во нивното „ауди“ пронајдени украдени предмети

Тројца скопјани, меѓу кои и 16-годишна малолетничка, биле лишени од слобода во текот на ноќта поради сомнение за сторена тешка кражба.

Денеска, по полноќ, во 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле А.А. (19), А.М. (19) и 16-годишната малолетничка, сите од Скопје. Тие биле запрени на паркинг пред бензинска пумпа на излезот од Тетово.

При контролата на автомобил „ауди А6“ со скопски регистарски таблички, во кој се превезувале тројцата, полицијата пронашла предмети за кои постојат сомненија дека потекнуваат од претходно пријавени кривични дела.

Тројцата биле задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава за кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.