Малолетничка дошла на гости во Скопје па исчезнала - полицијата на нозе

Во 13 часот во Полициската станица Чаир се јавила 42-годишната И.Б. од Куманово и пријавила дека истиот ден околу 09 часот  исчезнала малолетничка.

Полицијата информира дека се работи за 17-годишната Р.К. од Куманово која била на гости кај нејзината баба во населбата Шуто Оризари, а се оддалечила од домот во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.