Малолетни деца со месеци малтретирани од таткото - Случајот во полиција го пријавила мајката

Скопјанка пријавила во полиција дека нејзините две малолетни деца со месеци биле малтретирани од страна на таткото. Како што пријавила, насилството се случувало кога децата биле на видување кај него. 

- На 02.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 30-годишна жена пријави дека во периодот од 08.06.2025 до 20.03.2026 нејзиниот поранешен сопруг Д.С. (34) физички ги малтретирал нивните две малолетни деца додека биле на видување кај него, информираа од полциијата во дневниот билтен. 

Се работи на целосно расчистување на случајот, известија од МВР.