Малолетен возач прегази пешак во Скопје - Кој им дава возила на малолетниците?

Повторно малолетник со возило предизвика инцидент во сообраќајот. Вчеравечер 16-годишник со „голф“ удри во пешак кој заврши на скопските клиники. Јавноста со прашање „кој им дава автомобили на малолетници“?

 На 14.01.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во  Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.