Малолетен велосипедист прегазен во Охрид, и тој и возачот кој го прегазил избегале

Тешко повреден малолетен велосипедсит во Охрид откако во него удрило возило, а возачот избегал. 

На 01.06.2023 во 07.45 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки удрило во малолетен велосипедист од Охрид, по што двајцата учесници го напуштиле местото. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои му биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираа од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.