Малолетен пешак прегазен во Кавадарци

Тешко повреден малолетен пешак во Кавадарци. 

На 25.09.2022 во 19.53 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци, на излез од населбата Глишиќ кон с.Марена, патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(31) од Кавадарци, удрило во малолетен пешак од Кавадарци, соопшти полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Кавадарци. Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Кавадарци.