Малолетен мотоциклист тешко повреден во судир со „опел“ управуван од 72-годишник

Шеснаесетгодишник од прилепското село Алинци е тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мопед што се случила на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера во 10:40 часот во ОВР Прилеп. Во неа учествувале патничко возило „Опел“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот К.Ш. од Прилеп, и мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од малолетникот.

„По несреќата малолетникот е пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.