Малолетен мотоциклист тешко повреден при судир со „бмв“ во беровско

Малолетник е тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со „бмв“. 

Вчера во 17:20 часот во ОВР Берово е пријавено дека на локален пат Берово – Абланица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Берово и патничко возило „бмв“ со британски национални ознаки, управувано од И.С.(47) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Кочани.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.