
Малолетен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка во Арачиново.
- На 04.06.2025 во 19.20 часот во Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Куманово, во село Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано Т.Ј.(51) од сeло Арачиново и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот мотоциклист, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информираа од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.