Вчера во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово поради сомнение дека од приватен имот на улица „6 Април“ во Куманово одзел повеќе предмети.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од полицијата.