Малолетен битолчанец сакал да краде во Скопје

На 21.10.2021 во 10.50 часот на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар – Бит Пазар лишиле од слобода малолетник од Битола, затоа што бил затекнат во обид да изврши кражба на велосипед, сопственост на М.А.(62) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.