Мало, но разорно торнадо ја погоди Неа Мудања, една од омилените дестинации на Македонците во Грција.
Се работи за туристичко место на Халкидики, кое поради близината е чест избор на туристите кои не сакаат и не можат да патуваат подолго.
Малиот вртлог сепак предизвика огромна штета на плажите во Неа Мудања, а особено бил погоден еден „бич бар“, каде има и повредени неколку лица.
Засега туристите се евакуирани од таа област, но според експертите, засега нема ризик од повторување на вакво движење на воздушната маса.
Вителот се формирал без предупредување и беснеел покрај плажата, уништувајќи еден бар на плажата, расфрлајќи лежалки, чадори и уништувајќи ги мобилните тоалети.