Бислимската Клисура, иако мала по должина од само седум километри, стана вистинска атракција.
Сместена е на околу пет километри од Куманово од вливот на Кумановска Река до селото Пчиња.
Мистичното место за кое се врзуваат бројни легенди и за скриено богатство и дом на огромни орли, кои веќе со децении никој не ги видел, стана викенд-дестинација за младите и рекреативците.
Мало парче рај во Македонија каде што царува тишината. Со овие зборови ја опишуваат клисурата сите кои ќе ја посетат.
Место кое навистина вреди да се посети, а оној кој ќе отиде таму еднаш, со сигурно ќе се врати пак. Вистинско место за одмор и рекреација.
Младите и рекреативците секојдневно споделуваат фотографии од прекрасната природа од Бислимската Клисура.